а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

добие

добијат, добиеме; добиј, доби, добијте; добив, добивме, добија; добил; добиев, добиеја; добиел; добиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 304
1. Прими нешто во сопственост, за користење, трошење, нешто што пред тоа не го поседувал, што некој му го дава, му го доделува, му го испраќа (на подарок, за пари или на друг начин).
Англиски: get Албански: merr
Примери:
Сакаш сѐ сам да изедеш, а другите дечиња ништо да не добијат.
Можеби ќе ја добијам во мираз и оваа бавча што нѐ рани.
Тој доби една убава честитка од својот брат.
2. Прими (писмено или усно) некаква порака, соопштение, наредба.
Англиски: receive Албански: pranon
Примери:
Доби задача и мораше веднаш да ја изврши.
Не доби одговор на прашањето.
3. Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност).
Англиски: produce Албански: prodhon
Примери:
Од нашата работа добивме солидни резултати.
4. Стекне, постигне, се здобие со нешто.
Англиски: get Албански: arriti
Примери:
Брачниот пар наскоро доби новороденче.
Тој почна да раскажува како го добил ревматизмот.
Случајот доби голем публицитет.
5. Поприми, придобие друг лик, стане поинаков.
Англиски: obtain Албански: pranoj
Примери:
Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина.
Лицето на старецот доби плачлив израз.
6. Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи.
Англиски: obtain Албански: arriti
Примери:
Со тоа соработката доби во својот интензитет.
7. Победи, во игра, во натпревар, во борба.
Англиски: win Албански: fitoj
Примери:
Наредната игра од натпреварот ја доби домаќинот.
Изведенки
1. добива несв.
добиваат
2. добивање ср.
глаг. им.