а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вади

вадат; вадел; ваден
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1355
1. Извлекува нешто од некаде (надвор).
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Го вади часовникот од џебот на панталоните.
Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата.
Зафати да вади вода од бунарот.
2. Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело).
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Итар Пејо му вади заб на еден селанец.
Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот.
3. Извлекува нешто од друг, посебен предмет.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Мајсторот ги вадеше шајките од штиците.
4. копа, откопува
Англиски: dig Албански: gërmoj
Примери:
Таму, под ридон, некогаш ваделе камен.
Вадат руда.
5. Изнесува нешто или некого; изведува некого.
Англиски: take out Албански: heq
Примери:
Стариот ги вадеше овците секое утро на пасење.
Поради мене комшијата уште го држат и не го вадат пред суд.
6. Изделува составен дел од некоја супстанца, целина.
Англиски: extract Албански: ndan
Примери:
На рибата ѝ ги вади крлушките и таа останува чиста.
Вади маст.
7. произведува, изработува
Англиски: produce Албански: prodhon
Примери:
Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно.
Овој фотограф вади убави фотографии.
8. Се здобива со документ.
Англиски: obtain Албански: mirret
Примери:
Летово ќе вадам нов пасош.
Вади виза.
9. Купи на билетарница.
Англиски: purchase Албански: blerje
Примери:
Денес ќе одам да вадам билет за в кино.
10. Отстранува, истава нешто од некаде.
Англиски: remove Албански: heq
Примери:
Напролет ја вадеше волнената постава од мантилот.
Машината ја вади лушпата од оризот.
Новиот производ добро ги вади дамките од облеката.
11. Измислува: Име, прекар на некого.
Англиски: invent Албански: shpik
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој голем шегаџија постојано им вадеше нови имиња на своите другари.
12. Измислува: Вади новини во модата.
Англиски: invent Албански: shpik
Примери:
Нашата креаторка секоја година вади некои нови моди.
13. Измислува: (Си) вади од умот нешто.
Англиски: invent Албански: shpik
Примери:
Од каде ги вадиш овие приказни?
14. Соблекува, собува, симнува нешто од себе или од некој друг.
Англиски: take out Албански: zbath
Примери:
Тој не го вадеше палтото од себе, ни зиме, ни лете.
Штом ќе стигнат дома, таа им ги вади калливите чизмички од нозете.
15. Од поголем број одзема помал, ја врши операцијата вадење.
Англиски: subtract Албански: zbret
Употреба: Математика
Примери:
Вади три од петнаесет.
16. Во состав со именка: Вади заклучок - заклучува.
Англиски: conclude Албански: përfundim
Примери:
Со претпоставка си вади заклучок дека немал време за дивеење.
17. (се вади) Се спасува, се извлекува од тешкотии.
Албански: shpëtoj
Примери:
Тој не сакал да се разликува од народот кој полека се вадел од ропска беда.
18. (се вади) Се правда, се оправдува.
Англиски: justify Албански: justifikoj
Примери:
Со различни изговори се вадеше на часот.
19. Наводнува, полева со вода.
Англиски: sprinkle Албански: vadis
Примери:
Селаните ги вадеа своите ниви.
Изрази
Си ги вадат очите - жестоко се караат.
Му ги вади зборовите од уста - со мака наведува некого да зборува.
Му ја вади душата - мачи, измачува.
Вади ифтирија на некого - клевети некого, измислува нешто лошо за некого.
Си го вади лебот - заработува за живот.
Вади од умот - вчудовидува, запрепастува.
Вади од такт - многу вознемирува.
Изведенки
вадење ср.
глаг. им.