open - онтологија

восприемлив повеќе

восприемливиот
Вид збор: Придавка
восприемчив

восприемчив повеќе

восприемчивиот
Вид збор: Придавка
Способен да сфати или усвои.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Восприемчив за нови потфати.

директен повеќе

директни
Вид збор: Придавка
За човек - што е отворен, што не премолчува.
Албански: i drejtpërdrejtë
Примери:
Директен човек - сѐ што има, ќе ти каже.

испоотвори повеќе

Види и: отвори (св.)
испоотворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори повеќе нешта.
Примери:
Ги испоотворија сите врати.

јавен повеќе

јавни
Вид збор: Придавка
Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани.
Албански: i hapur
Примери:
јавна расправа

неприкриен повеќе

неприкриениот
Вид збор: Придавка
Што не е прикриен.
Примери:
неприкриен интерес, неприкриена симпатија

отвара повеќе

Види и: отвора (несв.)
(се) отвараат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) отвора
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Мечката не знае да чита, ама знае да отвара чоколади.

отвора повеќе

Види и: отвори (св.)
отвораат
Вид збор: Глагол, несвршен
отвори
Примери:
Очите широко му се отвораат.

отворен повеќе

отворени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) отвори
Албански: hap
Што не е ограден, низ кој може слободно да се помине.
Албански: i hapur
Примери:
отворена врата
Што работи, што функционира.
Албански: i hapur
Примери:
Во чаршијата имаше веќе отворени дуќани.
неприкриен, нескриен
Албански: i hapur
Примери:
отворен непријател

отвори повеќе

отворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е.
Албански: hap
Примери:
Го отвори прозорецот.
За дел од тело на човек или животно (уста, очи).
Албански: hap
Примери:
Отвори ја устата и кажи а.
Направи отвор на нешто.
Албански: hap
Примери:
На овој ѕид ќе отвориме прозорец.
Направи да биде достапна внатрешноста на нешто.
Албански: e hap
Примери:
Децата ги отворија набрзина новогодишните пакетчиња.
Расклопи нешто склопено.
Албански: hap
Примери:
Го отвори чадорот кога почна да врне.
Почне cо секојдневна, редовна работа.
Албански: fillon
Примери:
Тој секој ден навреме го отвораше и го затвораше дуќанот.
Основа фирма, дуќан и сл.
Албански: hapje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лекарот отвори приватна ординација во својот стан.
Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес.
Албански: hapje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Претседателот на Извршниот одбор ја отвори манифестацијата.
Пушти во дејство некаков механизам.
Албански: hap
Примери:
Домаќинката ја отвори чешмата, но не потече вода.
Направи достапен, слободен премин, пат, граница и сл.
Албански: hap
Примери:
Нашата земја ги отвори границите за бегалците.
(се отвори) Стане отворен.
Албански: hapet
Примери:
Од силниот ветер прозорците се отворија.
(се отвори) Престане да биде срамежлив, стане поснаодлив, повешт.
Албански: i hapur
Примери:
Кога тргна на училиште, тој се отвори.

отклопи повеќе

отклопат
Вид збор: Глагол, свршен
отвори
Албански: hap, çel
Примери:
Полека ја отклопи и клопката.
(се отклопи) се отвори
Албански: hap, çel
Примери:
Земјата се отклопи од силината на земјотресот.

приотвори повеќе

приотворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори малку, донекаде.

расклопи повеќе

расклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за книга - отвори.
Албански: hap, çel
Примери:
Ја расклопи книгата.

раствори повеќе

растворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори сосем нешто затворено.
Албански: hap
Примери:
Раствори врата.
Отвори нешто свиено, обично некој дел на човечкото тело.
Албански: hap
Примери:
Со растворени прсти.

растворува повеќе

Види и: раствори (св.)
(се) растворуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раствори, (се) отвори
Албански: hap, çel