Вид збор: Глагол, свршен
Отвори повеќе нешта.
Примери:
Ги испоотворија сите врати.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) отвора
Примери:
Мечката не знае да чита, ама знае да отвара чоколади.
Вид збор: Глагол, несвршен
отвори
Примери:
Очите широко му се отвораат.
отворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е.
Примери:
Го отвори прозорецот.
За дел од тело на човек или животно (уста, очи).
Примери:
Отвори ја устата и кажи а.
Направи отвор на нешто.
Примери:
На овој ѕид ќе отвориме прозорец.
Направи да биде достапна внатрешноста на нешто.
Примери:
Децата ги отворија набрзина новогодишните пакетчиња.
Расклопи нешто склопено.
Примери:
Го отвори чадорот кога почна да врне.
Почне cо секојдневна, редовна работа.
Примери:
Тој секој ден навреме го отвораше и го затвораше дуќанот.
Основа фирма, дуќан и сл.
Примери:
Лекарот отвори приватна ординација во својот стан.
Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес.
Примери:
Претседателот на Извршниот одбор ја отвори манифестацијата.
Пушти во дејство некаков механизам.
Примери:
Домаќинката ја отвори чешмата, но не потече вода.
Направи достапен, слободен премин, пат, граница и сл.
Примери:
Нашата земја ги отвори границите за бегалците.
(се отвори) Стане отворен.
Примери:
Од силниот ветер прозорците се отворија.
(се отвори) Престане да биде срамежлив, стане поснаодлив, повешт.
Примери:
Кога тргна на училиште, тој се отвори.
отклопат
Вид збор: Глагол, свршен
отвори
Примери:
Полека ја отклопи и клопката.
(се отклопи) се отвори
Примери:
Земјата се отклопи од силината на земјотресот.
расклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за книга - отвори.
Примери:
Ја расклопи книгата.
растворат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори сосем нешто затворено.
Примери:
Раствори врата.
Отвори нешто свиено, обично некој дел на човечкото тело.
Примери:
Со растворени прсти.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раствори, (се) отвори