мн. ортодокси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ортодоксно верување.
Припадник на ортодоксната црква.
мн. правоверци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што припаѓа на вера за која смета дека е права, вистинска.
Примери:
Сите правоверници беа во црквата и се молеа.
мн. православци
Вид збор: Именка, машки род
Православен човек, припадник на православната христијанска вера.
Примери:
Во земјата заедно живеат и православци и католици.