passionate - онтологија

врел повеќе

врели
Вид збор: Придавка
Што е страстен, што изразува силно чувство.
Примери:
врела љубов

горешт повеќе

горештиот
Вид збор: Придавка
Што е страстен, огнен.
Примери:
Горешто срце.

жежок повеќе

жешки
Вид збор: Придавка
Што е страстен, пламенен.
Примери:
жешка љубов

желен повеќе

желни
Вид збор: Придавка
Што чувствува желба, што сака некого или нешто.
Примери:
Желна бев за тебе.

лут повеќе

лути
Вид збор: Придавка
Што е без мера во своите постапки, што се оддава на нешто со голема страст.
Албански: zjarrtë
Употреба: Народна поезија
Примери:
лут бекрија

огнен повеќе

огнениот
Вид збор: Придавка
Што е страстен, пламенен.
Албански: i flakët
Употреба: Преносно значење
Примери:
Огнено срце.

пасиониран повеќе

пасионираниот
Вид збор: Придавка
Страстен во некоја дејност, активност.
Примери:
пасиониран собирач на марки

пламен повеќе

пламени
Вид збор: Придавка
страстен
Примери:
пламени поздрави

пламенит повеќе

Види и: пламен (м.)
пламенита
Вид збор: Придавка
пламен
Употреба: Поетски збор , Ретко

пламено повеќе

Вид збор: Прилог
страсно

страстен повеќе

страсниот
Вид збор: Придавка
Кој е проникнат со силно чувство; оддаден со страст кон нешто.
Примери:
страстен пушач
Исполнет со љубовна страст.
Примери:
страсни бакнежи