pillow - онтологија

визглавје повеќе

мн. визглавја
Вид збор: Именка, среден род
Перница, место на кое се става главата при спиење.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
(нар. поез.) Камен клала визглавје / со трева се покрила.

возглавница повеќе

мн. возглавници
Вид збор: Именка, женски род
перница
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Бев потпрен на купче возглавници.

зглавје повеќе

мн. зглавја
Вид збор: Именка, среден род
Перница на која се става главата при спиење.
Примери:
Мајката му го поднамести зглавјето на детето.

перница повеќе

мн. перници
Вид збор: Именка, женски род
Мека постилка за главата при спиење.
Употреба: Пословнично
Примери:
душекот и перницата

перниче повеќе

Види и: перница (ж.)
мн. перничиња
Вид збор: Именка, среден род
перница
Употреба: Деминутив

подзглавје повеќе

мн. подзглавја
Вид збор: Именка, среден род
Перница, тоа на што се става главата кога се лежи.

шилте повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Мало волнено перниче што се става на миндер, на душек.
Турски: şilte
Употреба: Архаизам