place - онтологија

вгнезди повеќе

(се) вгнездат
Вид збор: Глагол, свршен
Заземе место, се намести.
Албански: vend
Употреба: Преносно значење
Примери:
Куќата се беше вгнездила помеѓу јаболкниците.

зазема повеќе

заземаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се најде, зафати определена положба, место во некаков хиерархиски ред.
Албански: vendos, zë
Примери:
Живата уште од најраните времиња заземала важно место меѓу металите.

настамени повеќе

настаменат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести, стави, постави нешто.
Албански: vendos, vë
Примери:
Убаво настамени ја масата да не се мрда.
Намести некого некаде (да седне, на служба и сл.)
Албански: vendos
Примери:
На чело на трпезата го настаменија попот.

пласира повеќе

пласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се пласира) се постави, се намести
Албански: placoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се има добро пласирано во таа средина.
(се пласира) Обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување, се квалификува.
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата тенисерка ќе се пласира во понатамошните натпревари.

поднамести повеќе

Види и: намести (св.)
поднаместат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести нешто на соодветно место или во определена положба.
Албански: përshtat
Примери:
Тој ја поднамести вратоврската и влезе во собата.

смести повеќе

сместат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде место некому, обично, во болница, училиште и сл.
Албански: vendos
Примери:
Го сместија во интернат.
(се смести) Најде за себе доволно место.
Албански: vendosem
Примери:
Се сместивме во првото купе.