смести
сместат; сместил; сместен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1139
1.
Положи, постави, прибере нешто, обично во ограничено пространство.
Примери:
Ги сместија стоките во магацините.
Слично со:
прибере (св.)
2.
Најде место некому, обично, во болница, училиште и сл.
Примери:
Го сместија во интернат.
Го сместија во хируршко одделение.
3.
Најде некому место за живеење.
Англиски:
accommodate
Албански:
vendos, strehoj
Го смести брата си во нов стан.
4.
(се смести) Најде за себе доволно место.
Примери:
Се сместивме во првото купе.
5.
(се смести) Најде место за живеење, се усели.
Англиски:
accommodate
Албански:
vendosem
Се сместија на вториот кат.
Слично со:
усели (св.)