plant - онтологија

досади повеќе

досадат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со садење.
Примери:
Вчера го досадивме тутунот.
Сади, насади уште, дополнително.
Примери:
Покрај оградата досадил уште неколку овошки.

засади повеќе

Види и: сади (несв.)
засадат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сади.
Албански: fillon të mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Го засадивме кромидот вчера, до утре ќе бидеме готови.
сади, посади, насади
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Нивата покрај реката ја засадивме со пченка.

насади повеќе

насадат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение, дрва - изврши садење.
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Насади компири.
Сади во поголем број, во поголемо количество.
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Во дворот насади секакви цвеќиња.
(се насади) Со садење се наработи.
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Денеска се насадивме од утро до вечер.
(се насади) Седне на непогодно место.
Албански: mbjell
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Што си се насадил пред врата!

понасади повеќе

Види и: насади (св.)
понасадат
Вид збор: Глагол, свршен
Насади во извесна мера.
Албански: mbjell pak
Употреба: Земјоделство
Примери:
Оваа година понасади и малку компири.
Насади многу.
Албански: mbjell shumë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Нивата ја понасади со разновиден зеленчук.

посади повеќе

посадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, закопа семе, лоза в земја за да израсне растение.
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Во дворот посади невен, жолто џунџуле и други цвеќиња.
Сади малку или уште малку.
Албански: mbjell pak
Употреба: Земјоделство , Ретко
Примери:
Тој остана да посади уште малку кромид.

присади повеќе

присадат
Вид збор: Глагол, свршен
Насади покрај нешто, насади уште малку.
Употреба: Земјоделство

расади повеќе

расадат
Вид збор: Глагол, свршен
Пресади на разни места.
Употреба: Земјоделство

расадува повеќе

Види и: расади (св.)
расадуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
расади
Употреба: Земјоделство

сади повеќе

садат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става семе, садница во земја.
Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Садила само цвеќиња.