please - онтологија

аман повеќе

Вид збор: Извик
За изразување молба за милост, прошка, помош.
Турски: aman
Употреба: Разговорно
Примери:
Аман, немој! Аман, бре, чорбаџи!

благоволи повеќе

благоволат
Вид збор: Глагол, свршен
пожелува, сака
Примери:
Бог благоволи да ги спаси оние кои веруваат.

бујрум повеќе

Вид збор: Извик
повели, повелете
Турски: buyurmak
Употреба: Разговорно
Примери:
Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни, да направиме еден муабет.

зарадува повеќе

зарадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини некому радост.
Албански: gëzoj
Примери:
Тој го зарадува татка си со постигнатиот успех.

израдува повеќе

Види и: радува (несв.)
израдуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика радост.
Албански: gëzohem
Примери:
Писмото го израдува стариот.

моли повеќе

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се моли) замоли
Албански: ju lutem
Примери:
Ви се молам!

порадува повеќе

порадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Се радува малку, кратко време.
Примери:
Им го остави јарето за некој ден, да се порадуваат децата.

поразвесели повеќе

Види и: развесели (св.)
поразвеселат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане весел, развесели малку, во мала мера.
Албански: gazmoj, disponoj pak
Примери:
Кажуваше шеги за да го поразвесели.

разрадости повеќе

Види и: разрадува (св.)
(се) разрадостат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се радува, се разрадува, почувствува радост во поголема мера.
Примери:
Кога ја слушнав веста, многу се разрадостив.

разрадува повеќе

разрадуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Достави радост некому.
Албански: kënaq
Примери:
Ја разрадувале со подарокот.

стопли повеќе

стоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини радост, топлина.
Албански: ngroh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Веста за неа му го стопли срцето.

што повеќе

Види и: што (зам.)
Вид збор: Честичка
Одѕив на повикување; молам!
Примери:
Стојане! - Што! (што е!)