изораат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со орање, со сѐ што било за орање.
Примери:
Орачите ги изораа нивите, дојде време за сеидба.
ораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење.
Примери:
Цел ден ја ораше нивата со тракторот.
подораат
Вид збор: Глагол, свршен
Со орање одземе од нешто (меѓа, туѓа нива), изора повеќе од дозволеното.
Примери:
Ја подорал меѓата.
Вид збор: Глагол, свршен
Ора малку, кратко време.
Примери:
Ти сега поорај дури да дојдам.
Вид збор: Глагол, свршен
Изора земја - обично: нива, ледина, ливада.
Примери:
Годинава првпат ја разоравме ледината.