position - онтологија

мести повеќе

местат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мести) Се обидува да дојде до некоја позиција, место и сл.
Албански: pozitë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се мести за директор.

место повеќе

мн. места
Вид збор: Именка, среден род
Лична или општествена позиција.
Примери:
Работи на добро место.

позиција повеќе

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Место на кое се наоѓа некој или нешто.
Албански: pozicion
Примери:
Македонија е во централна позиција на Балканот.
Место во некој распоред или редослед (на фигурите во шахот, прстите при свирење итн.)
Албански: pozitë
Примери:
петта позиција

позиционира повеќе

позиционираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поставува на определено место.
Примери:
Кардиохируршки интервенции и кај бебиња од регионот, ќе ја позиционираат земјата високо на европската здравствена мапа.
Одреди позиција, локација.

положба повеќе

мн. положби
Вид збор: Именка, женски род
Позиција, став како е поставено човековото тело или некој предмет.
Албански: pozitë
Примери:
легната положба

положение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
положба
Употреба: Разговорно

пост повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Одговорно важно место.
Албански: pozicion

потпикне повеќе

потпикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести на добро работно место.
Албански: pozicionoj
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Успеа да го потпикне во едно министерство.

став повеќе

мн. ставови
Вид збор: Именка, машки род
Сфаќање, мислење по одделен проблем, становиште, гледна точка.
Албански: vendim
Примери:
Уште немаат заземено став.

ухлебие повеќе

мн. ухлебија
Вид збор: Именка, среден род
Добро место во служба, добра работа што овозможува опстанок.
Употреба: Книжевен збор