место
мн. места
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 145
1.
Дел од просторот што може да се искористи за сместување некого или нешто.
Примери:
Мебелот ми зафаќа многу место во станот.
Направете ми малку место за да поминам!
2.
Простор на којшто се случило нешто или се случува.
Англиски:
location
место на несреќата
стражарско место
Слично со:
простор (м.)
3.
Одреден дел од просторот што некој може или треба да го заземе.
Англиски:
seat
Фатив две места во автобусот.
Слично со:
седиште (ср.)
4.
предел
Примери:
Поминавме низ многу убави места.
6.
Лична или општествена позиција.
Англиски:
position
Работи на добро место.
Слично со:
позиција (ж.)
7.
Положба во однос на другите.
Англиски:
rank
Освоив прво место на натпреварот.
Слично со:
ранг (м.)
Изрази
Место не го фаќа / држи - не може да седи на едно место.
Место не го фаќа / држи - возбуден е, нема мир.
Зборот му фати место - оствари некоја цел.
Не му е место - не одговара, не е соодветно.
Човек на место - човек како што треба, прав човек.
Го отепа на место / почина на место - изгуби живот на местото на настанот.
Болно место - слаба точка, слаба страна.
Да сум на твое место - да сум јас наместо ти (тебе).
Тоа ми е на прво место - тоа ми е најважно.