pressure - онтологија

натисне повеќе

натиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши притисок, притисне нешто.
Албански: presion
Примери:
Натиснаа силно и ја турнаа оградата.

подбере повеќе

подберат
Вид збор: Глагол, свршен
Спобрка, спотера некого да побрза во работа, во одење итн.
Албански: ndjek
Примери:
Ако не ги подбереш, не се фаќаат за работа.

попритегне повеќе

Види и: притегне (св.)
попритегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши мал притисок врз некого за да дојде до саканата цел.
Примери:
Откако го попритегнаа, тој им ја кажа целата вистина.

попритисне повеќе

Види и: притисне (св.)
попритиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши мал притисок врз некого за да дојде до саканата цел.
Примери:
Треба да го попритисне за да ја реши што побргу молбата.

притегне повеќе

притегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми форма на принуда, притисок.
Албански: shtrëngoj, trysni
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Полицијата го притегнала и тој кажал се.

притесни повеќе

притеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Врши притисок врз некого да признае нешто или да се согласи со нешто.
Албански: ngushtoj, bëj presion
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Притесни го и се ќе каже.

притиска повеќе

притискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
притисне