притисне
притиснат; притисни, притиснете; притиснав, притиснаа; притиснал; притиснат; притиснев, притиснеа; притиснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3409
1.
Изврши притисок.
Примери:
Тој го притисна капакот врз кацата и озгора кладе камен.
Сестрата го притисна крвниот сад и наскоро крвта престана да тече.
Притисна на ѕвончето и вратата се отвори.
Слично со:
стисне (св.)
2.
Стисне меѓу раце, прсти и сл.
Примери:
Детето го притисна балонот и тој пукна.
3.
За мисли, чувства - налегне.
Примери:
Тешките мисли го притиснаа момчето.
Стравот го притисна, му тежеше и го задушуваше.
Слично со:
обземе (св.)
4.
Потчини, завладее со сила.
Примери:
Војската по неколку дена го притисна селото.
Слично со:
завладее (св.)
5.
(се притисне) Се припие, се стисна до нешто.
Примери:
Детето се притисна до скутот на мајка си.
Изрази
Притисне до ѕид (во ќош) - доведе некого во безизлезна состојба.
Изведенки
1.
притиснува несв.
(се) притиснуваат
(се) притиснуваат
2.
притиснување ср.
глаг. им.
глаг. им.