prevent - онтологија

задржи повеќе

задржат
Вид збор: Глагол, свршен
Запре, спречи движење на некого или нешто, направи да застане.
Албански: ndaloj, pengoj
Примери:
Го задржа детето да не оди кон реката.

задуши повеќе

задушат
Вид збор: Глагол, свршен
Оневозможи, не даде можност да се развие нешто.
Албански: pengoj, parandaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неповолните животни услови не можеа да го задушат талентот во него.

одмогне повеќе

одмогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи пречка, направи штета; оневозможи извршување на некоја работа.
Примери:
Тој сакаше да помогне, но одмогна.

оневозможи повеќе

оневозможат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде нешто невозможно, спречи нешто да се случи.
Албански: pamundësoj, parandaloj
Примери:
Тој ги презеде сите мерки за да оневозможи секакво бегство.
Спречи некого во некоја намера, работа итн.
Албански: parandaloj

осуети повеќе

осуетат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи, оневозможи да се оствари нешто.
Примери:
Полицијата го осуети планот на криминалците да ја ограбат поштата.

спаси повеќе

спасат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи, не дозволи да се случи нешто.
Албански: parandaloj
Употреба: Спорт
Примери:
Спаси гол.

спречи повеќе

спречат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави пречка, не дозволи нешто.
Албански: parandaloj
Примери:
Никој не може да го спречи тоа.

спречува повеќе

Види и: спречи (св.)
спречуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
спречи
Албански: ndaloj, pengoj
Примери:
Не ми е јасно што го спречува.