помогне
помогнат; помогнам, помогни, помогнете; помогнав, помогнаа; помогнал, помогнала, помогнев, помогнеа; помогнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 454
1.
Укаже помош некому.
Примери:
Стажарот им помогнал на затворениците да побегнат од затворот.
Спротивно од:
одмогне (св.)
2.
Материјално поткрепи.
Примери:
Жителите ќе ја помогнат електрификацијата на нивните населби со работа.
3.
Укаже нужно дејство, даде очекувана помош.
Примери:
Ти помогна ли лекот?
Слично со:
делува (несв.)
4.
Се помогне сам себеси, си помогне еден со друг.
Албански:
ndihmon
Ќе си помогнат еден со друг.
Изрази
Господ да ви помогне - желба за успешна работа.
Ајде, боже поможи - при почнување на работа.
Помогни си сам, та и Господ да ти помогне.
Изведенки
1.
помогнува несв.
(се) помогнуваат
(се) помогнуваат
2.
помогнување ср.
глаг. им.
глаг. им.