prune - онтологија

доискастри повеќе

Види и: искастри (св.)
доискастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Искастри дрво до крај.

закастри повеќе

закастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кастри, да реже.
Албански: pres, krasis, shkurtoj
Примери:
Ги закастри дрвата во дворот.
Искастри малку, изреже дрво, гранки.
Албански: pres, krasis, shkurtoj
Примери:
Ги закастри гранките на оревот што им држеа сенка на младите лози.

закрои повеќе

закројат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да реже лозје.
Албански: pres
Примери:
Денес го закроивме лозјето.

изреже повеќе

Види и: реже (несв.)
изрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрои лозје, исече прачки, ластари и сл.
Албански: pres, krasis
Употреба: Земјоделство
Примери:
Го ископа лозјето, ги изрежа ластарите.

искастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
искастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече гранки на дрво.
Албански: krasit
Примери:
Ги искастри гранките на крушата.

кастри повеќе

кастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече или потсекува нешто.
Албански: krasis
Примери:
Татко му ги кастреше старите стебла.

крои повеќе

кројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реже лозје, овошка; потсекува прачки, гранки заради подобар род.
Албански: krasis, pres
Употреба: Земјоделство
Примери:
Тој го кроеше лозјето секоја година.

накастри повеќе

накастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Со кастрење добие доволно или големо количество гранки и сл.

обреже повеќе

обрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Изреже, исече краишта на нешто, обично вршки, гранчиња на растение.
Албански: krasis
Употреба: Ботаника
Примери:
Тој ги обрежа јаболкниците во дворот.

окрои повеќе

окројат
Вид збор: Глагол, свршен
За лозје - изреже, поткастри гранки.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Годинава навреме го окројавме лозјето.

подискастри повеќе

Види и: искастри (св.)
подискастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Искастри малку, во некоја мера.
Примери:
Попладнето тој ги подискастри гранките на трендафилот.

поискастри повеќе

Види и: искастри (св.)
поискастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Искастри малку или уште малку.
Албански: krasis
Примери:
За еден ден ги поискастрија сите дрвја по градината.

покастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
покастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Кастри малку, кратко време.
Примери:
Тој ја покастри оградата.
Искастри многу, сѐ што било за кастрење.
Примери:
Таа ги покастри сувите гранки во градината.

понакастри повеќе

Види и: накастри (св.)
понакастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Накастри уште малку или во поголема, доволна мера.
Примери:
Тој ги понакастри сувите гранки.

попоткастри повеќе

Види и: поткастри (св.)
попоткастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткастри малку или уште малку.
Употреба: Ретко
Примери:
Тој ја попоткастри живата ограда.

поткастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
поткастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Искастри малку гранки на дрво.
Албански: kij, krasit
Примери:
Тој ги поткастри гранките на овошката.

раскастри повеќе

Види и: искастри (св.)
раскастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Искастри, со кастрење расчисти.
Примери:
Ја раскастри грмушката во дворот.

реже повеќе

режат
Вид збор: Глагол, несвршен
За лозје и дрвја - кастри.
Албански: pres
Примери:
Кога ќе ги режат лозјата.

скастри повеќе

скастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати со сечење, подрамни.
Албански: pres, shkurtoj
Употреба: Ботаника
Примери:
Скастри ја малу црницана.

стреми повеќе

(се) стремат
Вид збор: Глагол, несвршен
обработи, подготви
Албански: përgatit, përpunoj
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ќе го стремиме местото за лозје.