pump - онтологија

испумпа повеќе

испумпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрпи со пумпање, истисне определено количество течност.
Примери:
Ја испумпаа водата од поплавената визба.

испумпува повеќе

Види и: испумпа (св.)
испумпуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
испумпа
Албански: pumpoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Срцето испумпува крв со која се снабдуваат сите ткива и органи.

напомпа повеќе

Види и: напумпа (св.)
напомпаат
Вид збор: Глагол, свршен
напумпа

помпа повеќе

мн. помпи
Вид збор: Именка, женски род
пумпа
Албански: pompë

попумпа повеќе

Види и: пумпа (несв.)
попумпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пумпа малку, некое време.
Примери:
Попумпа вода од чешмата во дворот и ги навади цвеќињата.

пумпа повеќе

пумпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Црпе течност со пумпа.
Албански: pumpoj
Употреба: Технологија
Примери:
Пумпа вода од реката.
Дува, компримира воздух со пумпа.
Албански: pumpoj, fryj
Употреба: Технологија
Примери:
Ги пумпа гумите.

пумпа повеќе

мн. пумпи
Вид збор: Именка, женски род
Машина или механичка направа за движење или компримирање на течност или гас.
Албански: pompë
Употреба: Технологија
Примери:
Пумпа хидрофор.

тулумба повеќе

мн. тулумби
Вид збор: Именка, женски род
шмрк, пумпа
Албански: pompë
Употреба: Архаизам
Примери:
Пожарникарска тулумба.