испумпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрпи со пумпање, истисне определено количество течност.
Примери:
Ја испумпаа водата од поплавената визба.
Вид збор: Глагол, несвршен
испумпа
Примери:
Срцето испумпува крв со која се снабдуваат сите ткива и органи.
Вид збор: Глагол, свршен
Пумпа малку, некое време.
Примери:
Попумпа вода од чешмата во дворот и ги навади цвеќињата.
пумпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Црпе течност со пумпа.
Примери:
Пумпа вода од реката.
Дува, компримира воздух со пумпа.
Примери:
Ги пумпа гумите.