глодаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се глода) се караат, се измачуваат
Примери:
Жените во таков ден престануваа да се глодаат една со друга.
мн. ѓурултии
Вид збор: Именка, женски род
голелма кавга, неред
Примери:
Јас и самиот бев мирен човек и се држев настрана од секоја ѓурултија.
зајадат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да нервира, да кара некого.
Примери:
Таа уште од изутрина го зајаде мажот со своите дофрлувања.
(се зајаде) Почне да се лути, да се кара.
Примери:
Некои од селаните се зајадоа за водата.
Вид збор: Глагол, свршен
(се закара) Почне да се кара, да се расправа.
Примери:
Тој се закарал со сите комшии.
Вид збор: Глагол, свршен
(се закаса) Почне да се задева, да се кара.
Примери:
Штом ќе се видеа, јатрвите веднаш ќе се закасаа.
закачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закачи) се скара, се спречка
Примери:
Се закачија пред извесно време.
(се) запречкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се скара.
Примери:
Се запречкавме околу нивата пред многу години.
зарасправаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зарасправа) Почне да се расправа, да се кара.
Албански:
filloj të grindet, të fjaloset
Примери:
Тие се зарасправаа за парче земја.
заџавкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заџавка) Се скара, вика еден на друг.
Примери:
Комшивките се заџавкаа уште рано наутро.
(се) здечкаат
Вид збор: Глагол, свршен
се спречка, се скара
Примери:
Се здечкаа кој да го вози тракторот.
искараат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искара) Расипе, прекине односи со повеќемина или прекинат односи повеќемина меѓу себе.
Албански:
hidhërohem, zihem
Примери:
Се искара со мајка си поради пиењето.
Вид збор: Глагол, свршен
(се испокара) Се искара со некого.
Албански:
grindem, hidhërohem
Примери:
Двете другарки се испокараа.
(се испокара) Се искара со многумина.
Албански:
hidhërohem, grindem
Примери:
Тој се испокара со сите.
јадат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се јаде) (само мн.) Заемно се зајадуваат, се караат со некого.
Примери:
Тие постојано се јадат, а не можат еден без друг.
мн. кавги
Вид збор: Именка, женски род
караница, расправија
Турски:
kavga
Албански:
zënkë, grindje
Употреба:
Разговорно
Примери:
Долго продолжи кавгата, а син и татко не се спогодија.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
расправање, карање
Примери:
Кавгаџилакот во медиумите го покренаа политичарите.
караат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се искара) Се расправа, влегува во кавга со некого.
Примери:
Тој постојано се кара со другарите.
мн. караници
Вид збор: Именка, женски род
кавга, расправија
Примери:
Природно е за луѓе што се под ист покрив да не можат без караница.
мн. карачки
Вид збор: Именка, женски род
колат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се коле) Се караат, се расправаат.
Примери:
Не било толку важно тоа за што сме се колеле на работа.
кошкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кошка) Се кара, живее во неслога.
Примери:
Не бива да се кошкаме за туѓа жена.
поденат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне кавга.
Примери:
Тој подена кавга со брата си околу наследството.
(се) подзајадат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се кара, да се расправа по малку, во некоја мера.
Примери:
На средбата тие се подзајадоа.
подзакачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзакачи) се скара, се спречка
Примери:
Браќата се подзакачија околу делбата на имотот.
подискараат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подискара) Се искара со некого, малку, донекаде.
Примери:
Тој се подискара малку со соседите.
(се) препираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се расправа со некого.
Примери:
Се препираа за тоа кој го дал голот.
мн. препирки
Вид збор: Именка, женски род
препукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се пречка со некого, води бесполезни дискусии.
Примери:
Тој од друга страна, се препукува со министерката дали во моментот на настанот бил на работна должност или не бил.
(се) пречкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се препира со некого, се задева, се кара.
Примери:
Се пречкаат од деца.
раскарав
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика караница меѓу луѓе.
Албански:
nxis grindje, hidhërim, përlamje
Примери:
Ерида решила да ги раскара гостите.
(се раскара) Дојде во лоши односи со некого.
Албански:
grindem, shahem, zihem
Примери:
И вие ли се раскаравте?
скараат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика караница меѓу некои.
Примери:
Најпосле успеа да ги скара.
(се скара) Расипе односи со некого.
Примери:
Се скарале и сакале да се тепаат.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Именка, среден род
карање
Примери:
Дошло дури до скарување.
Вид збор: Именка, женски род
(се) скачат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне кавга; се закачи (задре, предизвика некого со закачки).
Албански:
ngjitem, grindem
Примери:
Неизбежно ќе се скачи со него.
(се) скачуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почнува кавга.
Албански:
ngjitet, grindet
Вид збор: Именка, машки род
бунт, размирица, метеж
Примери:
(разг.) Сее смут.
спречкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спрачка) Се скара се со некого.
Албански:
grindem, hidhërohem
Примери:
Се спречкаа за ништо.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) спречка
Примери:
Многу пати се спречкувавме околу некои негови мислења.
Вид збор: Именка, среден род