а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

коле

колат; коли, колете; колев, колеа; колел; колен; колејќи; клав, клаа; клал; клан; клање
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2472
1. Сече грклан, глава на човек или на животно.
Англиски: slaughter Албански: ther
Примери:
Во недела ќе колеме прасе.
2. За бостан - сече.
Англиски: cut Албански: pres
Употреба: Разговорно
Примери:
Секој ден колеа по една лубеница.
3. За чувство - мачи, измачува.
Англиски: torment Албански: mundon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го коле злото во душата.
4. (се коле) Се убиваат еден со друг, се борат, се тепаат.
Англиски: kill Албански: mbys, vras
Примери:
Ги тераа да се колат со секирите.
5. (се коле) Се караат, се расправаат.
Англиски: quarrel Албански: ther
Примери:
Не било толку важно тоа за што сме се колеле на работа.
Изведенки
колење ср.
глаг. им.