rage - онтологија

аздиса повеќе

аздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Побесне од изобилство во нешто, се возгордее, се прави важен поради благосостојбата.
Турски: azmak
Употреба: Разговорно
Примери:
Имаат па аздисале.

безумствува повеќе

безумствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се однесува безумно, лудува.
Примери:
Момчињата безумствуваа по кафулињата.

бес повеќе

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
гнев, лутина, јарост
Албански: idhnim, mllef
Примери:
Ќерката се обидуваше да го совлада бесот.

беснее повеќе

беснеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лудува, води распуштен, распашан живот.
Албански: çmendem
Примери:
Детето беснееше од разгаленост.

беснотија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на бес.

вжешти повеќе

вжештат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вжешти) се разгневи, се распали, се разлути
Албански: tërbohem, nxehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чорбаџијата се вжешти целиот.

вилнее повеќе

вилнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Беснее, се пројавува во голема сила.
Примери:
Водата на дотечената река вилнееше меѓу карпестите брегови.

врлува повеќе

врлуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
беснее, уништува
Примери:
Чумата врлуваше.

дивее повеќе

дивеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Беснее, се однесува непристојно, како дивјак.
Примери:
Демонстрантите дивееја по улиците.

запени повеќе

(се) запенат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разгневи, се разјари.
Албански: tërbohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се запени од лутина.

набеснее повеќе

(се) набеснеат
Вид збор: Глагол, свршен
Беснее доволно, до задоволување.

помама повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
бес, лутина, лудост
Албански: hidhërim

помами повеќе

помамат
Вид збор: Глагол, свршен
(се помами) Стане помамен, бесен.
Албански: tërbohet
Примери:
Се помами човекот и фати да удира кај ќе стигне.
(се помами) За ветер, море - стане како помамен, се разбесни.
Албански: i tërbuar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се помами ветрот.

разбесни повеќе

разбеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого бесен.
Албански: hidhëroj, tërboj
Примери:
Тоа уште повеќе го разбесни.
(се разбесни) стане бесен; стане лут
Албански: tërbohem
Примери:
Кога се разбесни, никој не можеше да го смири.

развилнее повеќе

развилнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вилнее.
Примери:
Ветрот развилнеа.

разгневување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) разгневува

разјареност повеќе

Види и: разјарен (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
разјарен

разјарување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) разјарува

разлава повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
лудува, беснее, се палави
Примери:
Малечко дете кога разлава.

разлутеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
разлутен

туши повеќе

тушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја излива својата лутина, бес.
Албански: tërbohet

фучи повеќе

фучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се лути, изразува незадоволство од нешто.
Албански: tërbohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел ден само фучи.

штрклее повеќе

штрклеат
Вид збор: Глагол, несвршен
беснее, лудува
Албански: tërbohet
Употреба: Преносно значење