а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бес

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1990
1. гнев, лутина, јарост
Англиски: rage, outrage Албански: idhnim, mllef
Примери:
Ќерката се обидуваше да го совлада бесот.
Бесот му ги грчеше усните.
Се тресеше од бес.
Лутината се издигна до убиствен бес.
2. беснило
Англиски: rabies Албански: tërbim
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Ќе нѐ вовлечат и нас во оган, бесот да ги фати!!
Бес да го подбеси!
3. страст, помама
Англиски: passion Албански: pasion
Примери:
Јас не сум дојден од бес во Австралија.
4. злодух, ѓавол
Англиски: evil Албански: mëkat, djallë
Примери:
Тиранот го раѓа бесот.
Кој бес те јавна и каков демон ти се нафрли, несреќнику?
Крволочен бес.
Изрази
Го истура/истури бесот - се нафрла/нафрли некому без некоја причина.