rattle - онтологија

ждранга повеќе

ждрангаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тропа, предизвикува силни испрекинати звуци.
Примери:
По нив ждрангаше стара кола.

затопоти повеќе

затопотат
Вид збор: Глагол, свршен
топоти
Албански: rrapëllij
Примери:
Во близина затопоти коњ.

затрака повеќе

затракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трака.
Примери:
Затрака коњска кола.

затропоти повеќе

Види и: тропоти (несв.)
затропотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тропоти.
Примери:
Затропотеа машини и чекани.

заџангари повеќе

заџангарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да џангари.
Албански: përplas, ushton
Примери:
Скршени стакла заџангарија на подот.
(се заџангари) Се затреска.
Албански: përplaset, ushton
Примери:
Тој слушна во кујната како се заџанјарија садови, мајка му готвеше.

ѕангари повеќе

Види и: ѕан (изв.)
ѕангарат
Вид збор: Глагол, несвршен
За метален или стаклен предмет.
Примери:
Ѕангарат синџирите.

ѕвекало повеќе

мн. ѕвекала
Вид збор: Именка, среден род
ѕвечалка

ѕвечалка повеќе

мн. ѕвечалки
Вид збор: Именка, женски род
Детска играчка што ѕвечи.
Примери:
На детето му падна ѕвечалката од рака.

ѕвечало повеќе

Види и: ѕвечалка (ж.)
мн. ѕвечала
Вид збор: Именка, среден род
ѕвечалка

ѕвечка повеќе

мн. ѕвечки
Вид збор: Именка, женски род
ѕвечалка
Албански: ushtimë
Употреба: Ботаника

истропа повеќе

истропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Тропне одненадеж и силно.
Албански: trokas
Примери:
Одеднаш нешто истропа и ја прекина тишината.

патардија повеќе

мн. патардии
Вид збор: Именка, женски род
врева, бркотница, безредие
Турски: patırtı
Употреба: Разговорно
Примери:
Се крена една патардија.

патрдија повеќе

Види и: патардија (ж.)
мн. патрдии
Вид збор: Именка, женски род
патардија
Турски: patırtı
Примери:
илинденски политички патрдии

пукало повеќе

мн. пукала
Вид збор: Именка, среден род
Вид детска играчка од бозел со која се пука.
Албански: pistolë

пукот повеќе

мн. пукоти
Вид збор: Именка, машки род
тресок, трескање, трескот, силен шум, врева
Албански: kërcitje, krismë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пукотот доаѓаше од другата просторија.

пукоти повеќе

пукотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта или прави звук проследен со пукот.
Примери:
Пукоти од сите страни.

тандрка повеќе

тандркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта испрекинати звуци на тропање.
Примери:
Колата тандркаше по калдрмата.

тропот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
лупање, тресок
Албански: ushtimë, rrëpllimë
Примери:
Тропот на кола.

тропоти повеќе

тропотат
Вид збор: Глагол, несвршен
треска, лупа
Примери:
Воденицата тропоти.

тропотница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тропот, лупање, трескање
Примери:
Тропотница на ѕвонци.

штрака повеќе

штракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За дрвена направа која со вртење на рачката произведува звук кој штрака.
Албански: ulurimë
Примери:
Штракалото штрака.

штракалка повеќе

мн. штракалки
Вид збор: Именка, женски род
Детска играчка, што се употребува и како реквизит за спортско навивање, што произведува специфичен звук.
Примери:
Од трибините се слушаа гласни навивања и силен звук од штракалките.

штракало повеќе

мн. штракала
Вид збор: Именка, среден род
Детска играчка за штракање, обично од стебло на пченка.