евидентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
3апише, запишува, внесе, внесува во книга за евиденција.
Примери:
Уште на пријавницата ги евидентираа болните.
заведат
Вид збор: Глагол, свршен
Запише, внесе во книга.
Примери:
Не бил заведен во црковната книга на родените.
Вид збор: Глагол, свршен
регистрира
Примери:
Тој не е зарегистриран во ниеден список.
мн. книги
Вид збор: Именка, женски род
Специјална голема тетратка, со отпечатени обрасци во која се бележат, внесуваат некакви податоци.
Примери:
катастарска книга, матична книга
пишат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе во список, регистрира.
Примери:
Доведи го детето за да го пишеме во тефтерот.
пишуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пишува) се пише
Примери:
Се пишуваме ли, другари, доброволци?
пријават
Вид збор: Глагол, свршен
(се пријави) Се јави, се запише, се вклучи, одговори (доброволно или по нечие барање).
Примери:
Тој се пријави во војска.
мн. регистри
Вид збор: Именка, машки род
Список, преглед на нешто, книга за записи.
Степен на силата и височината на глас или музички инструмент.
Направа кај музички инструменти за менување на височината, темброт и силата на звукот.
Регулатор во некои машини и уреди; ред букви и клавиши на машина за пишување.
регистрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Запише, запишува в книга, внесе, внесува в регистар.
Примери:
Ги регистрира сите книги.
Запише, запишува, одбележи, одбележува некој факт или појава.
Примери:
Апаратите не регистрираа нови земјотреси.
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе во книги, зарегистрира.
мн. уписници
Вид збор: Именка, машки род
Записник во вид на список.
Примери:
судски уписник