regret - онтологија

испишмани повеќе

испишманат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане пишман, расколеба некого, одврати од некаква намера.
Турски: pişman etmek Албански: bëj pishman
Употреба: Разговорно
(се испишмани) Стане пишман, се откаже од некаква намера.
Албански: bëhem pishman

кае повеќе

(се) каам
Вид збор: Глагол, несвршен
Жали поради нешто што го направил или што можел да го направи; жали поради некоја постапка.
Примери:
Веќе се каеше што се јави дома.

пишманење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Се откажува од некаква намера.
Албански: bëhem pishman
Употреба: Разговорно
каење, сожалување
Албански: pendim
Употреба: Разговорно

пишмани повеќе

пишманат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расколебува некого, одвраќа некого од некаква намера.
Албански: bëj pishman
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Сакал да заработи на друго место, ама го пишманеле.
(се пишмани) Се откажува од некаква намера, се предомислува.
Албански: bëj pishman, pendohem
Употреба: Разговорно
Примери:
Сакаше нешто да каже и во последен момент се пишмани.

пишманлак повеќе

мн. пишманлаци
Вид збор: Именка, машки род
каење
Турски: pişmanlık Албански: pendim, pishmanllëk
Употреба: Архаизам

покае повеќе

(се) покаат
Вид збор: Глагол, свршен
Признае грешка со жалење.
Примери:
Покајте се додека е време.

пораскае повеќе

Види и: покае (св.)
се пораскајат
Вид збор: Глагол, свршен
Се покае малку, во мала мера или уште малку.
Употреба: Ретко

раскае повеќе

(се) раскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испита каење за сторена грешка или неправилна постапка.
Примери:
Никогаш нема да се раскае.

раскајува повеќе

(се) раскајуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскае

раскајување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) раскајува