remove - онтологија

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Отстранува, истава нешто од некаде.
Албански: heq
Примери:
Напролет ја вадеше волнената постава од мантилот.

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти, отстрани од некаде или од нешто.
Албански: fshij, menjanoj
Употреба: Математика
Примери:
Дамките ги извадивме со специјално средство.

истави повеќе

истават
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани, помести нешто да не пречи.
Албански: largoj, heq
Примери:
Истави ми го ова од пред очи.

отклони повеќе

отклонат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да исчезне нешто, да се отстрани.
Албански: heq, largoj
Примери:
Ги отклонивме сите недостатоци.

отме повеќе

отмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отме) Се тргне од мисла, чувство и сл.
Албански: hiqem, largohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не може да се отме од некое гордо чувство дека сам дојде до овој успех.

отстрани повеќе

отстранат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, помести нешто.
Албански: largon
Примери:
Отстрани пречки.
Истера, исклучи, тргне некого од некое место, од некаква позиција.
Албански: largon, heq
Примери:
Отстрани од работа.
Поправи дефект, грешка, недостаток.
Албански: largon
Примери:
Ја однесол колата да го отстранат дефектот.

подистави повеќе

Види и: истави (св.)
подистават
Вид збор: Глагол, свршен
(се подистави) Се оддалечи, се истави од нешто малку, донекаде.
Албански: largohet
Примери:
Се подистави од погледите на луѓето.

поистави повеќе

Види и: истави (св.)
поистават
Вид збор: Глагол, свршен
Истави малку.
Примери:
Ем ќе се поистави малку од предните линии, ем ќе глодне некој кокал повеќе.

поотстрани повеќе

Види и: отстрани (св.)
поотстранат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани малку, донекаде нешто.
Албански: lëviz, zhvendos
Примери:
Подоцна тие ги поотстраниле тешкотиите во работата.
Отстрани, истера малку, донекаде некого.
Албански: lëviz, zhvendos
Примери:
Тренерот ги поотстрани од натпреварот.

чисти повеќе

чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
Го отстранува непотребното, туѓото, штетното од нешто.
Албански: largoj, pastroj
Примери:
Чисти дрво од гасеници.