исклучи
исклучат; исклучил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4017
1.
Отстрани од група, од друштво, од членство, од игра и сл.
Англиски:
expel
Албански:
përjashtoj
Го исклучија од училиште.
Партијата го исклучи од своите редови.
Слично со:
отстрани (св.)
2.
Не земе предвид, намерно изостави, изземе од нешто.
Примери:
Јас ги исклучувам нив од списокот на виновници.
Слично со:
изземе (св.)
3.
Не допушти.
Англиски:
exclude
Албански:
përjashtoj
Судијата овде исклучи секаква можност за кражба.
4.
Прекине работа, проток, довод, дејство на уред вклучен во некаков систем (на струја, вода), прекине врска.
Примери:
Го исклучи телевизорот и си легна.
Заврши со пеглањето и ја исклучи пеглата.
5.
(се исклучи) Се повлече, се издвои од нешто (за човек).
Примери:
Целосно се исклучив од сите случувања.
6.
(се исклучи) Престане да работи, прекине, запре.
Примери:
Машината се исклучи.
Слично со:
запре (св.)
Изведенки
1.
исклучува несв.
исклучуваат
исклучуваат
2.
исклучување ср.
мн. исклучувања
глаг. им.
Пример: Во текот на играта имаше неколку исклучувања.
мн. исклучувања
глаг. им.
Пример: Во текот на играта имаше неколку исклучувања.