rent - онтологија

аренда повеќе

мн. аренди
Вид збор: Именка, женски род
Закупување на обработливо земјиште.
Албански: qira
Употреба: Економија , Земјоделство
Примери:
Ја зедов земјата под аренда.
Закупнина од обработливо земјиште.
Албански: qira
Употреба: Економија
Примери:
Секој месец живееме од арендата за имотот.

закуп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Привремена употреба, користење на нешто (обично недвижен имот) со однапред договорена цена.
Албански: qesim, qira, rentë
Употреба: Економија
Примери:
Земјата ја даде под закуп.

закупи повеќе

закупат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе под закуп.
Албански: jap me qira
Употреба: Економија
Примери:
Таа закупи две ниви, сака да сади тутун.

закупнина повеќе

мн. закупнини
Вид збор: Именка, женски род
Пари што се даваат за закуп; цена на закупот.
Албански: qira, rentë
Употреба: Економија
Примери:
Закупнината за станот е многу висока.

изнајми повеќе

Види и: најми (св.)
изнајмил
Вид збор: Глагол, свршен
најми
Албански: huazoj, jap me qira
Употреба: Економија
Примери:
Трговецот изнајми простории за складирање на стоката.

изнајмување повеќе

Види и: изнајми (св.)
мн. изнајмувања
Вид збор: Именка, среден род
Замање на наем.
Употреба: Економија
Примери:
Да се популаризира изнајмувањето велосипеди.

исполица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Договор за наем според кој половина од приходот добива сопственикот на нивата, а половина тој што ја зема да ја обработува.
Албански: rent, qira gjysëm për gjysëm
Употреба: Економија , Историја

кирија повеќе

мн. кирии
Вид збор: Именка, женски род
Паричен надомест за привремено користење на нешто (нива, средство за работа).
Турски: kira Албански: qira, rentë
Употреба: Економија
Примери:
Со чеза земена под кирија тој леташе од нива на нива и ги надгледуваше работите.

наем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Договорено привремено користење на нешто, на туѓ труд или на туѓ имот (на некој предмет, на куќа, стан).
Албански: rent, qira
Употреба: Економија
Примери:
Даде под наем.
Цена што се плаќа за привремено користење на нешто.
Албански: qira
Употреба: Економија

наемнина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Паричен надоместок што се дава за тоа што е земено под наем.
Албански: mëditje, qesim
Употреба: Економија

рента повеќе

рентаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава под наем недвижен имот за да се здобие со приход.
Примери:
Тој го рента автомобилот и станот.

рента повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Регуларно добиен приход од капитал, имот или земја кој не бара од својот сопственик никаков труд.
Албански: rentë
Употреба: Економија
Примери:
Живее од рента.

станарина повеќе

мн. станарини
Вид збор: Именка, женски род
Наем за држење на стан.
Примери:
Висока станарина.

ќесим повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
закуп, наем
Турски: kesim Албански: rent, qira
Употреба: Архаизам , Економија