repay - онтологија

врати повеќе

вратат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде назад нешто што е земено, грабнато.
Албански: paguaj
Примери:
Ни го вратија тоа што е наше.

одборчи повеќе

(се) одборчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) оддолжи.
Турски: borç
Употреба: Разговорно

оддолжи повеќе

(се) оддолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Исплати, врати долг.
Албански: shpagoj, shlyej borxhin
Примери:
Многу се задолжи за станот, одвај се оддолжи.
Исполни обврска.
Албански: shpagoj
Примери:
Беше многу благодарен, не знаеше како да му се оддолжи за направената услуга.

отплати повеќе

отплатат
Вид збор: Глагол, свршен
Уплати последна отплата и целосно намири долг, исплати долг.
Албански: shlyej borxhin
Примери:
Јас ја отплатив и последната рата од кредитот.
Исплати дел од долг.
Албански: shlyej borxhin
Примери:
Отплатив половина од кредитот.
Возврати, се оддолжи.
Албански: shlyej borxhin
Примери:
Тој го отплати својот грев.
(се отплати) Се оддолжи, возврати.
Албански: shlyej borxhin
Примери:
За добрината ваша и на тој свет не ќе можам да ви се отплатам.

реванш повеќе

(едн.) реваншот
Вид збор: Именка, машки род
Оддолжување за некоја услуга.
Француски: revanche Албански: revansh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти должам реванш за услугата.