resound - онтологија

ечи повеќе

ечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно се гласи, има силен одек.
Примери:
Неговиот глас ечеше.

загрми повеќе

Види и: грми (несв.)
загрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Одекне силно, испушти силен звук сличен на грмеж.
Албански: gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тогаш загрме силен тресок.

заѕвекоти повеќе

Види и: заѕвечи (св.)
заѕвекотат
Вид збор: Глагол, свршен
заѕвечи

заѕвечи повеќе

заѕвечат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ѕвечи.
Примери:
Кутијата падна на земјата и заѕвечи силно.

заѕвони повеќе

Види и: ѕвони (несв.)
заѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
заѕуни
Албански: oshëtin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во собата заѕвони неговиот глас.

заѕуни повеќе

Види и: ѕуни (несв.)
заѕунат
Вид збор: Глагол, свршен
Одекне, зазвучи нешто.
Албански: oshëtin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во ушите ми заѕунија последните тонови од песната.

заори повеќе

Види и: ори (несв.)
(се) заорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се ори.
Примери:
По улицата се заорија весели песни.

затрешти повеќе

затрештат
Вид збор: Глагол, свршен
трешти
Албански: zhurmë
Примери:
Беше мирно попладне кога одеднаш затрешти музика во приземјето.

ѕвек повеќе

мн. ѕвекови
Вид збор: Именка, машки род
Звук што настанува со меѓусебно удирање на метални или на стаклени предмети.
Примери:
ѕвек од мечови

ѕвекне повеќе

ѕвекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти јак краткотраен, метален звук.
Албански: kumbon, tingëllon
Примери:
Ѕвекна старото резе од портата.
Удри силно предизвикувајќи звук, ѕвек.
Албански: kumbon, tingëllon
Примери:
Човекот го ѕвекна детето по глава.

ѕвекот повеќе

ѕвекотот
Вид збор: Именка, машки род
ѕвек
Примери:
Метален ѕвекот.

ѕвекоти повеќе

ѕвекотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ѕвечи со зголемен интензитет.
Примери:
Ѕвекотат сабјите.

јачи повеќе

јачат
Вид збор: Глагол, несвршен
одекнува
Албански: oshëtin, tingëllon
Примери:
Јачеа камбаните на црквите.

огласи повеќе

огласат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огласи) Се одекна глас или звук.
Албански: oshëtin
Примери:
Се огласи пукот од сите страни.

одгласи повеќе

(се) одгласат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разнесе глас, звук.
Албански: jehoj
Примери:
Низ селото се одгласи камбаната.

одекне повеќе

одекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие ехо, одглас.
Албански: jehon, ushton
Примери:
Одекна истрел во ноќта.
Се чуе силно, гласно.
Албански: jehon, ushton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одекна аплауз во салата.

процепи повеќе

процепат
Вид збор: Глагол, свршен
За звук, глас - одекне силно.
Албански: ushton, gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ноќта ја процепи рафал.

разнесе повеќе

разнесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разнесе) За звук - прозвучи; се разлее, се слушне надалеку.
Албански: kumboj
Примери:
Се разнесе екот.

слушне повеќе

Види и: слуша (несв.)
слушнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се слушне) Се чуе, се разнесе звук.
Албански: dëgjoj
Примери:
Се слушнаа зурли и тапани.

соѕвечи повеќе

соѕвечат
Вид збор: Глагол, свршен
ѕвекне
Употреба: Народна поезија
Примери:
Гајтанот да му соѕвечи.