ѕуни
ѕунат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 11417
1.
Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; сп. ѕвони.
Примери:
Ѕунат црковните камбани.
Ѕуни стаклото од малото прозорче.
Ѕунат празните чаши.
Слично со:
ѕвони (несв.)
2.
Се огласува со звук што потсетува на ѕвон, на ѕвонење.
Примери:
Ѕуни песната на штурецот.
Ѕунат гласови на весели дечиња.
Слично со:
огласува (несв.)
3.
Се причинува некому дека одново слуша нешто; одѕвонува, одекнува.
Примери:
Родителските совети им ѕунеа на децата во главата.
Таа мелодија му ѕуни во ушите.
Тивко ѕунат чекорите во ноќта.
Слично со:
одекнува (несв.)
Изведенки
ѕунење ср.
глаг. им.
глаг. им.