return - онтологија

возврати повеќе

возвратат
Вид збор: Глагол, свршен
Врати некому со иста мера, на ист или сличен начин за определена услуга, помош; се оддолжи за нешто.
Албански: rrikthen
Примери:
Таа дискретно му намигна, а тој возврати.

врати повеќе

вратат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да си оди назад од каде што е дојден.
Албански: kthej
Примери:
Ми рече дека ќе ме врати дома.
Одмазди, возврати некому со некоја постапка, со удари.
Албански: hakmarrje
Примери:
Сега ќе ѝ вратам за сè што ми згреши.
(се врати) Се појави, дојде повторно на местото од каде што тргнал.
Албански: kthye
Примери:
Лазејќи, пак се врати во постелата.
(се врати) се наврати, се потсети, обнови
Албански: kthye
Употреба: Преносно значење
Примери:
Заедно се вративме на некои стари спомени.

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
(Си) се врати дома, во своето место (град, село).
Албански: kthej
Примери:
Синот (си) дојде од војска.

заврне повеќе

заврнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) врати.
Албански: kthehet
Употреба: Дијалектен збор

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати материјални средства како резултат на вложување, надополни.
Албански: nxjerr, kthen
Употреба: Разговорно
Примери:
Од таа работа и трошокот не го извадивме.

одговори повеќе

одговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се одзве на барање, молба, повик и сл.
Албански: përgjigjet
Примери:
Тој одговори на сите телефонски повици.
Постапи на некој начин како одговор, реакција на нешто (на нечија постапка).
Албански: përgjigjet
Примери:
На љубовта му одговорив со љубов.

поврати повеќе

повратат
Вид збор: Глагол, свршен
Врати некого назад, натера да се врати.
Албански: kthej
Примери:
Само што излезе, таа го поврати.
(се поврати) Се врати, дојде назад.
Албански: kthej
Примери:
Се поврати нешто да си земе.