поврати
повратат; повратил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2644
1.
Врати некого назад, натера да се врати.
Примери:
Само што излезе, таа го поврати.
Носталгијата нè поврати во крајот наш роден.
Слично со:
врати (св.)
2.
Врати, добие назад нешто одземено, изгубено.
Примери:
Одвај успеа да поврати нешто од тоа што му го национализираа.
Се надеваше дека судот ќе му го поврати имотот.
3.
Врати нешто во претходна состојба.
Примери:
Поврати вера.
Поврати снага.
Поврати надеж.
Поврати расположение.
4.
освести, излекува
Англиски:
recover
Албански:
bie në mend
Одвај со вода го повратија.
Го удираа по лицето за да го повратат.
По долго лекување успеале да го повратат.
5.
одговори, возврати
Примери:
Сакаше да му поврати, ама се воздржа.
6.
(се поврати) Се врати, дојде назад.
Англиски:
return back
Албански:
kthej
Се поврати нешто да си земе.
7.
(се поврати) Се врати претходната состојба.
Примери:
Животот во селото пак се поврати.
Зимата се поврати.
Смелоста им се поврати.
8.
(се поврати) Си дојде на себе, се освести.
Примери:
Стана свесен за сè, наполно се поврати.
9.
(се поврати) закрепне, заздрави
Примери:
По операцијата, се поврати.
Го понудија со ракија, да се поврати.
10.
Исфрли низ уста храна од желудникот.
Примери:
Болниот пак повратил.
Му се слоши, за малку ќе повратеше.
Слично со:
изблуе (св.)
11.
(Ми, ти, му... се поврати) Чувствува нагон да поврати.
Примери:
Од тоа му се повраќа.
Изрази
Болеста го поврати - повторно се разболе.
Изведенки
1.
повраќа несв.
(се) повраќаат
(се) повраќаат
2.
повраќање ср.
глаг. им.
глаг. им.