Вид збор: Глагол, свршен
Испече нешто доволно, до потребната мера, допече.
Примери:
Го доиспеков месото.
допржат
Вид збор: Глагол, свршен
Испржи добро, доволно.
Примери:
Ги допржи рибите и ги принесе на масата.
запечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече малку, одозгора, запржи.
Примери:
Tој ја запече сланината и ја принесе на масата.
(се запече) Се испече малку, одозгора.
Примери:
Јадењето се прелива со јајца и се враќа во рерната да се запече.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пржи.
Примери:
Откога си запржил, уште ли не е готово?
Испржи само малку или во мало количество.
Примери:
Тој запржи сланина за вечера.
испржат
Вид збор: Глагол, свршен
Со пржење приготви јадење.
Примери:
Го испржи месото.
пече
Вид збор: Глагол, несвршен
пржи, вари
Примери:
пече ракија, пече наут
подзапржат
Вид збор: Глагол, свршен
Запржи нешто малку, набрзина.
Примери:
Подзапржи некоја пиперка, па да ручаме.
Вид збор: Глагол, свршен
Испржи нешто уште малку.
Примери:
Таа го поиспржи месото уште една минута.
Испржи нешто во големо количество.
Примери:
Таа за еден час ги поиспржи сите пиперки.
Вид збор: Глагол, свршен
Пржи уште малку, кратко време.
Примери:
Таа ги попржи уште малку рибите и ги стави во чинијата.
(се попржи) Се пржи малку, кратко време.
Примери:
Уште малку нека се попржи месото.
припечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече од тоа што се испекло уште малку.
Примери:
Припечи кикиритки, малку се.
спржат
Вид збор: Глагол, свршен
Приготви со пржење.
Примери:
Спржија неколку јајца со сланина.