rob - онтологија

бричи повеќе

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
дере, соголува, ограбува
Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој на суво ги бричи селаните.

граба повеќе

грабаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Присвојува нешто што е туѓо; пљачка, краде, ограбува.
Албански: grabit
Примери:
Ние не излеговме да колеме и да грабаме.

граби повеќе

Види и: грабне (св.)
грабат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
ограбува
Албански: grabis
Примери:
Луѓе од разни села го грабат богатството на езерото.

дограба повеќе

Види и: граба (несв.)
дограбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби, пљачкоса до крај.
Примери:
Сѐ што им остана војската го дограба.

изграба повеќе

Види и: граба (несв.)
изграбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Грабне сѐ, до крај, целосно.
Примери:
Разбојниците изграбале сѐ.

искраде повеќе

искрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Украде, ограби сѐ, до крај.
Албански: vjedh
Примери:
Старата управа ја искраде фирмата.

краде повеќе

крадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Граба мома без знаење на нејзините родители.
Албански: grabit
Примери:
Вечер ќе го крадеме девојчето од дома.

обере повеќе

оберат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби некого или нешто.
Албански: grabis
Употреба: Разговорно
Примери:
Некој ме обрал додека сум спиел.

оголи повеќе

оголат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби, опљачка некого; земе, одземе некому нешто (пари, имот) обично на недозволен начин.
Албански: plaçkit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вчера ме оголија на коцка.

ограби повеќе

ограбат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно одземе нешто, украде, опљачка.
Употреба: Правда
Примери:
Некој ја ограбил куќата на соседите.

одере повеќе

одерат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл.
Албански: vjedh, grabit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бев на сервис за автомобилот, ме одраа.

опљачка повеќе

опљачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе нешто сосила, ограби.
Примери:
Разбојниците го опљачкаа целото село.

отима повеќе

отимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насилно зема нешто од некого.
Албански: grabis
Примери:
Разбојниците имаа се што ќе видеа.

ошути повеќе

ошутат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе некому нешто (обично пари) со измама, со кражба.
Албански: grabit, mashtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел паричник му ошутиле сосе документите.

пљачка повеќе

пљачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
граба, краде
Примери:
Качаците ги пљачкаа селата.

пљачкоса повеќе

пљачкосаат
Вид збор: Глагол, свршен
ограби

пљачкосува повеќе

пљачкосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пљачка

улиши повеќе

улишат
Вид збор: Глагол, свршен
лиши, одземе, грабне
Примери:
Сполај ми ти, боже, оти не ме улиши и мене од светот.