robber - онтологија

апаш повеќе

мн. апаши
Вид збор: Именка, машки род
крадец, разбојник, џепчија
Турски: apaş
Употреба: Груб збор
Примери:
Ми влегле апаши во куќата.

арамбаша повеќе

мн. арамбаши
Вид збор: Именка, машки род
водач на арамии
Турски: harami Албански: grabitës
Употреба: Историја
крадец, разбојник
Албански: grabitës
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Арамбашата ги мамел, ја скрил од нив својата кражба.

арамија повеќе

мн. арамии
Вид збор: Именка, машки род
крадец, разбојник
Турски: harami
Употреба: Разговорно
Примери:
Кој беше арамијата, а кој чесниот, кој грабаше, а кој чуваше?

грабач повеќе

мн. грабачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо.
Албански: grabitës, vjedhës
Примери:
Гледај ги, грабаат, грабаат. Грабачи!

грабежливец повеќе

мн. грабежливци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што граба, што присвојува нешто што е туѓо.
Примери:
Врз сите нас ќе се истури жешкиот котел на чорбата што сами си ја замешавме, дозволувајќи им на грабежливците да управуваат со нашите животи.

грабливец повеќе

мн. грабливци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да граба.
Примери:
Сите грабливци од селото ги фатија.

грабливка повеќе

мн. грабливки
Вид збор: Именка, женски род
грабливец
Албански: grabitqare
Примери:
Слугинката се покажа како грабливка.

заграбувач повеќе

мн. заграбувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што заграбува.
Примери:
Тој беше голем насилник и заграбувач.

јанќесеџија повеќе

мн. јанќесеџии
Вид збор: Именка, машки род
разбојник, арамија
Турски: yankesici Албански: grabitës, hajdut
Употреба: Архаизам
Примери:
Се здружија со јанќесеџии.

качак повеќе

мн. качаци
Вид збор: Именка, машки род
Одметник од власта и од законот.
Албански: kaçak, hajdut
Употреба: Архаизам

ограбувач повеќе

мн. ограбувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ограбува, што врши грабеж.
Употреба: Правда
Примери:
Ограбувачите го опустошија селото.

отимач повеќе

мн. отимачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што отима.
Примери:
Таа се отргна од рацете на отимачот.

пљачкаш повеќе

мн. пљачкаши
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пљачка, што врши грабеж.
Албански: grabitës, vjedhës

пљачкосувач повеќе

мн. пљачкосувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пљачкосува, што врши пљачка.
Употреба: Правда

разбојник повеќе

мн. разбојници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со разбојништво.
Албански: grabitës, bandit
Примери:
На патот ги нападнале разбојници.

разбојница повеќе

мн. разбојници
Вид збор: Именка, женски род
Жена разбојник.

ќесеџија повеќе

мн. кесеџии
Вид збор: Именка, машки род
Разбојник, што краде сечејќи ги ќесињата на жртвите.
Употреба: Архаизам

шајкаџија повеќе

мн. шајкаџии
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во шајка.
Употреба: Разговорно