saw - онтологија

бичи повеќе

бичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече, реже трупци за штици, греди и сл.
Турски: biçmek
Примери:
Бичкиџијата бичеше ноќе.

добичи повеќе

Види и: бичи (несв.)
добичат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со сечењето, со режењето на трупци за штици, греди и сл.
Примери:
Ги добичи штиците и ги нареди во дворот.

испили повеќе

испилат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече, изреже со пила.
Албански: pres

насече повеќе

Види и: сече (несв.)
насечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се насече) Се наработи, сечејќи.
Албански: prej mjaft, bollshëm
Примери:
Се насече дрва денеска.

пили повеќе

пилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече со пила.
Албански: sharroj
Примери:
Во планината пилеа дрва.

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реже штици со пила од дрвени трупци, или дрво на помали парчиња.
Албански: sharroj
Пушта непријатен, резок звук.
Албански: sharroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гласот му струже.