seal - онтологија

дихтува повеќе

дихтуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Добро затвора, не пропушта.
Германски: dichten
Примери:
Прозорците добро дихтуваат.

жиг повеќе

мн. жигови
Вид збор: Именка, машки род
Направа со врежан натпис или знак којашто служи за ставање отпечаток врз некого или врз нешто заради обележување, распознавање, заверка и сл.
Албански: vulos
Употреба: Административен термин
Примери:
Со вжештен железен жиг Римјаните ги обележувале своите робови.
отпечаток
Албански: gjurmë
Употреба: Административен термин
Примери:
сув жиг

залупи повеќе

залупат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори со залупка.
Албански: mbyllet
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го залупи тенџерето.

замба повеќе

мн. замби
Вид збор: Именка, женски род
Печат, штембил, изработен од тврд метал со кој се удира жиг, дамка.
Турски: zımba

запечати повеќе

запечатат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори нешто со печат.
Албански: vulos
Примери:
Сите вагони беа полни и запечатени.
Затврди, зацврсти нешто.
Албански: shtërngoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие го запечатија својот таен договор со клетва.
За судбина - одлучи, реши.
Албански: vendosë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата судбина е запечатена.

заптивка повеќе

мн. заптивки
Вид збор: Именка, женски род
Направа што спречува пропуштање на течноста или гасовите.
Употреба: Технологија
Примери:
заптивка за гасови

затвори повеќе

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави капак, затворач на нешто, поклопи.
Албански: mbyll
Примери:
Затвори кутија.

затисне повеќе

затиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Со притисок затне нешто: отвор, дупка и сл.
Примери:
Дупката на прозорецот ја затисна со партал.

мур повеќе

Види и: муур (м.)
мн. мури
Вид збор: Именка, машки род
муур
Турски: mühür
Употреба: Архаизам

муур повеќе

мн. муури
Вид збор: Именка, машки род
печат, жиг
Турски: mühür
Употреба: Архаизам
Примери:
Му удри еден муур.

мухур повеќе

Види и: муур (м.)
мн. мухури
Вид збор: Именка, машки род
муур
Употреба: Архаизам

печат повеќе

мн. печати
Вид збор: Именка, машки род
Прибор со изрежани знаци за отпечатување врз хартија, восок и др.
Албански: vulë
Примери:
Донеси го сега печатот.

пломба повеќе

мн. пломби
Вид збор: Именка, женски род
Парче олово со печат, фабричка марка - за на врата, за спакувана стока - како знак дека не може да се отвори без да се уништи тоа парче.
Албански: plombë, vulë
Примери:
Вреќата имаше одгоре пломба.

пломбира повеќе

пломбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става пломба на стока.
Албански: plomboj
Примери:
Пломбира вагони.

фока повеќе

мн. фоки
Вид збор: Именка, женски род
Вид морски цицач што живее во студените мориња, тулјан.
Латински: Phoca vitulina
Употреба: Зоологија

штембил повеќе

мн. штембили
Вид збор: Именка, машки род
печат
Германски: Stempel
Употреба: Архаизам