веат
Вид збор: Глагол, несвршен
се насетува, се провлекува, се чувствува
Вид збор: Глагол, свршен
За нешта што се примаат со сетилата, се почувствува.
Примери:
Дојде звук на камбана.
допрат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до сетилата, до свеста.
Примери:
До нас допре слаб удар.
душат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек – мириса; насетува нешто.
зацедат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зацеди) Почне да се чувствува, да се насетува.
Примери:
Се зацеди блага миризба од тукушто печениот леб.
кобат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насетува, навестува некакво зло, несреќа.
Примери:
Тишината на куќната самотија кобеше немир и неизвесност.
надушат
Вид збор: Глагол, свршен
Насети, открие нешто.
Примери:
Навреме ја надуши нивната измама.
Вид збор: Глагол, несвршен
согледува, насетува
Примери:
Веќе ја наѕира смислата на тоа настојување што му е упатено.
(се наѕира) Се забележува, се насетува.
Примери:
Од насловот се наѕира актуелноста на темата.
намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Насети, открие нешто.
Примери:
Чувајте се да не ве намириса некој.
напипаат
Вид збор: Глагол, свршен
По некакви знаци насети, открие нешто.
Примери:
Напипал дека тука нешто се подготвува.
насетат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува, предосети
Примери:
Ја насетил опасноста и навреме се засолнал.
Вид збор: Глагол, несвршен
насети
Примери:
Првите најави на дебаклот се насетуваа уште со внатрешните судири во партијата.
Вид збор: Глагол, несвршен
наслутат
Вид збор: Глагол, свршен
насети, предосети
Примери:
Во мракот можеше само да го наслути неговото присуство.
осетат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува нешто.
Примери:
Стојан ја осети земјата под нозете.
Досети, насети нешто.
Албански:
ndjej, parandjej
Примери:
Таа осети дека тој ден ќе ѝ се случи нешто лошо.
(се осети) се насети, се предосети
Примери:
Уште пред да почнат демонстрациите, се осети атмосфера на напнатост.
пикасаат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува
Примери:
Момчето ја пикасало работата и не пошло.
Вид збор: Глагол, несвршен
наѕира, насетува
Примери:
Во нив тој поднаѕираше конкуренти.
Вид збор: Глагол, свршен
Насети, открие нешто донекаде.
Примери:
Тој поднамириса што подготвува директорот.
понадушат
Вид збор: Глагол, свршен
Насети, почувствува, открие нешто донекаде.
Примери:
Го понадушија што човек е.
Вид збор: Глагол, свршен
Осети, почувствува малку, донекаде.
Примери:
Се поосети здрав и веднаш излезе надвор да игра.
предосетат
Вид збор: Глагол, свршен
Однапред, пред да се случи, сети, осети, почувствува нешто.
Примери:
Ја предосети опасноста.
преткажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преткаже) Насети, предосети нешто.
Примери:
Му се преткажа дека таа ќе се врати.
претчувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има претчувство.
Примери:
Претчувствува силна бура.
проѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насетува, почнува да сфаќа, да проникнува во нештата.
Примери:
Таа ги проѕираше неговите мисли.
сетат
Вид збор: Глагол, свршен
Испита некакво чувство.
Примери:
Сети нешто солено на јазикот.
(се) сетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сети) (се) чувствува.
слутат
Вид збор: Глагол, несвршен
претчувствува, насетува
Примери:
Никој од нив и не слутеше што ги чека.
сумат
Вид збор: Глагол, свршен
(се суми) Падне на памет некому, се сети.
Примери:
a островот в магли ни да се суми
што пред нас плови кон незнајни места
усетат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува
Примери:
Усети дека зад него стои некој и се сврти.
Вид збор: Глагол, несвршен
чувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сеќава, има некаков усет примен со сетилата.
Примери:
Чувствува физичка болка, глад, премореност и сл.