намириса
намирисаат; намирисал; намирисан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7427
1.
Стави, прсне мирис на некого, на нешто.
Примери:
По потстригувањето, берберот и ќе го намирисаше малку.
Ја намириса гостинската соба.
Слично со:
парфимира (св. и несв.)
2.
Осети мирис.
Примери:
Ја намириса рибата уште од дворот.
Кога влезе, ги намириса зрелите кајсии.
3.
Намине, посети некого, нешто.
Примери:
Од Велигден не си намирисал кај нас, нѐ заборави.
Овдека којзнае од кога немам намирисано.
4.
Насети, открие нешто.
Примери:
Чувајте се да не ве намириса некој.
Бегај, ако намирисаш нешто сомнително!
Слично со:
насети (св.)
5.
(се намириса) Си стави мирис.
Примери:
Кога се дотера и се намириса, се почувствува попријатно.
Изведенки
намирисување ср.
глаг. им.
глаг. им.