shape - онтологија

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Стројност, виткост на телото.
Албански: vijë
Примери:
На диета е, си ја чува линијата.

облик повеќе

мн. облици
Вид збор: Именка, машки род
Надворешен изглед, вид, форма на нешто.
Албански: pamje, formë
Примери:
зрнест облик

сенка повеќе

мн. сенки
Вид збор: Именка, женски род
Нејасно оцртување на фигура во темница или магла, силуета.
Албански: formë
Примери:
Се гледаше како се движат некои сенки во далечината.

силуета повеќе

мн. силуети
Вид збор: Именка, женски род
Матно оцртување на нешто што не се гледа јасно поради мрак, магла, далечина и сл.
Албански: siluetë, hije

фигура повеќе

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Надворешниот вид, изглед на нешто.
Албански: forma
Примери:
Оддалеку се гледаа нејасно фигурите на куќите.

физиономија повеќе

мн. физиономии
Вид збор: Именка, женски род
Облик на нешто, карактеристичните црти.
Албански: fizionomi, formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Селото денеска ја измени својата физиономија.

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен вид, изглед на предмет; изглед на делови на човечкото тело, става.
Албански: formë
Примери:
Куќата имаше форма на пирамида.

формат повеќе

мн. формати
Вид збор: Именка, машки род
Облик на книга, весник и сл.
Албански: format