а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

фигура

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1520
1. Надворешниот вид, изглед на нешто.
Англиски: shape Албански: forma
Примери:
Оддалеку се гледаа нејасно фигурите на куќите.
2. Образи на разни предмети во книга, на ткаеница и сл.
Англиски: pattern Албански: bëj sipas modelit
Примери:
Килимот беше ишаран со разни фигури.
3. Опис на некое движење - при танц, при лет на авион и сл.
Англиски: figure Албански: lëvizje
Примери:
Кога танцуваа заедно, тие изведуваа разни фигури.
4. Надворешната форма на телото на човек.
Англиски: figure Албански: figurë
Примери:
Меѓу групата луѓе се истакнуваше неговата убава фигура.
Некакви фигури се подаваа во далечината.
5. Во скулптурата и живописот - лик на човек или животно.
Англиски: figure Албански: figurë
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Беа изложени повеќе бронзени фигури.
6. За човек како носител на определени својства.
Англиски: figure Албански: figurë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше централна фигура на движењето.
7. Во литературата - стилско средство што ѝ дава на речта особена изразност.
Англиски: figure Албански: figura
Употреба: Литература
Примери:
поетска фигура
8. Во геометријата - дел од површина.
Англиски: figure Албански: figurë
Употреба: Математика
Примери:
геометриска фигура
9. Ритмичко-мелодиски елемент што ја украсува музичката творба.
Англиски: figure Албански: figuroj
Употреба: Музика и танц
Примери:
Музичката фигура е најизразена кај танците.
10. Во шахот - назив на кралот и кралицата, ловците, коњите и топовите; назив на сите предмети од гарнитурата.
Англиски: piece Албански: pjesë
Употреба: Спорт
Примери:
На крајот остана послаб за пион и фигура.
Оваа гарнитура не е комплетна: нема една фигура.