а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

форма

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 429
1. Надворешен вид, изглед на предмет; изглед на делови на човечкото тело, става.
Англиски: shape Албански: formë
Примери:
Куќата имаше форма на пирамида.
2. Вид, тип, устројство, структура на нешто.
Англиски: kind Албански: lloj
Примери:
Нова форма на управување.
форма на владеење
3. Во филозофијата - начин на суштествување, внатрешната организација на содржината.
Англиски: form Албански: formë
Употреба: Филозофија
Примери:
форма и содржина
4. Установен образец на нешто, начин на кој се изведува нешто.
Англиски: form Албански: formë
Примери:
Во форма на извештај.
5. надворешен вид, надворешност
Англиски: form Албански: formë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само про форма.
Згодна форма за постигање на своите цели.
6. Направа, шаблон по кој се дава надворешен вид; железни рамки во кои се слага печатарски слог.
Албански: formë
Примери:
Форми за колца (при лиење).
7. Во уметноста - надворешната страна на уметничкото дело.
Англиски: genre Албански: xhanrë
Употреба: Уметност
Примери:
Сега не се гледа формата, туку содржината на делото.
8. Промена на збор што изразува граматичка категорија.
Англиски: form Албански: trajtë
Употреба: Граматика
Примери:
Прости и сложени форми.
Формите на сегашно време.
9. Добра состојба на играч или екипа.
Англиски: condition Албански: kondicion
Употреба: Спорт
Примери:
Екипата не е во форма.
10. униформа
Англиски: uniform Албански: uniformë
Примери:
Тогаш учениците мораа да носат форма.