shave - онтологија

бричи повеќе

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
Отстранува влакна од телото, најчесто од лицето, со брич.
Албански: rruhem
Примери:
Јас не ги бричам ни мустаќите ни брадата.
(се бричи) Отстранува влакна од телото или лицето со брич.
Албански: rruhem
Примери:
Јас се бричам на три-четири дена.
(се бричи) Не носи брада.
Примери:
Не носи брада, се бричи.

добричи повеќе

добричат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со бричењето на некого.
Албански: rruaj deri në fund
Примери:
Иако не беше добричен, се истави од берберскиот стол.
(се добричи) Се избричи до крај.
Албански: rruaj deri në fund

забричи повеќе

Види и: бричи (несв.)
забричат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бричи некого.
Албански: rruhem
Примери:
Берберот го забричи младото момче.
Почне за првпат да бричи некого.
Албански: rruhem
Примери:
Утре кумот ќе го забричи младоженецот.
Избричи набрзина.
Албански: rruhem
Примери:
Го забричи надве-натри и го поведе со себе.
(се забричи) Почне редовно да се бричи.
Албански: rruhem
Примери:
Тој се забричи од пред некое време.
(се забричи) Почне за првпат да се бричи.
Албански: rruhem
Примери:
Тој се забричи уште на петнаесет години.
(се забричи) Се избричи набрзина.
Албански: rruhem
Примери:
Брзо се забричи и излезе.

избричи повеќе

избричат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстранува влакна (брада) од телото со брич.
Албански: rruaj
Примери:
Еден постар војник им ги бричеше главите на регрутите.
(се избричи) Си отстранува влакна (брада).
Албански: rruaj
Примери:
Тој се избричи и отиде на работа.

обричи повеќе

(се) обричат
Вид збор: Глагол, свршен
се избричи

подбричи повеќе

подбричат
Вид збор: Глагол, свршен
Избричи оддолу, по краиштата.
Примери:
Берберот му ги подбричил мустаќите.
(се подбричи) Се избричи по краиштата, оддолу.
Примери:
Се подбрикол дури и кај вратот.

подзабричи повеќе

подзабричат
Вид збор: Глагол, свршен
Избричи набрзина, како било.
Примери:
Берберот го подзабричи надве-натри.
(се подзабричи) Се избричи набрзина, како било.
Примери:
Се подзабричи некако и излезе.

стругне повеќе

стругнат
Вид збор: Глагол, свршен
избричи
Албански: rruhem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Седи, брзо ќе го стругнам стариов.
(се стругне) се избричи
Албански: rruhem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Уште да се стругнам и тргнуваме.

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се струже) Се бричи надве-натри, како било или со тап брич.
Албански: rruhem
Примери:
Се струже веќе два часа.