белеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува со својата белина.
Примери:
На врвот на планината белееше снег.
блескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај.
Примери:
Августовското сонце блескаше.
блескотат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска, сјае
Примери:
Сонцето блескоти по снегот.
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска
Примери:
Езерото блестеше на сонцето.
болскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свети силно, со силен сјај.
Примери:
Неговото сечило болскаше на сонцето и ми ги заслепуваше очите.
болскотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно свети, сјае.
Примери:
Ден снежеше, ден болскотеше скржавото сонце.
болснат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно светне, испушти силен сјај.
Примери:
Снеможеното зимско сонце болсна по снегот.
брилираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
свети, сјае
Примери:
Кристалот брилира на сончевата светлина.
Работи нешто многу успешно, се истакнува.
Примери:
Тој брилираше во таа улога.
гланцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да блеска, светка.
Примери:
Го гланца автомобилот.
горат
Вид збор: Глагол, несвршен
свети
Примери:
Ламбата гореше цела ноќ.
грејнат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце, месечина - огрее во еден миг, наеднаш.
Примери:
Утрото грејна сонцето и сите станаа.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блести.
Примери:
Заблестија преспите нерастопен снег.
Вид збор: Глагол, свршен
заблеска, засвети
Примери:
Запламтија ѕвездите на небото.
засветат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти светлина, направи да биде светло.
Примери:
Прозорецот засвети.
засјаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сјае.
Примери:
Засјаија сончевите зраци.
златат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се злати) Има сјај или боја на злато.
Албански:
ka shkëlqim ari
Примери:
Стоговите се златеа од предвечерното сонце.
изгреат
Вид збор: Глагол, свршен
За небесно тело, сонце, месечина - излезе, се појави, огрее.
Примери:
Сонцето изгреа црвено и ја исуши росата.
ласкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска
Примери:
Сонцето силно ласкаше уште од изутрина.
ласкотат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска, светка
Примери:
Водата ласкотеше на сончевата светлина.
огреат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце, месечина - изгрее, се појави.
Примери:
Сонцето огреа, ајде станувај!
За сонце, месечина - осветли некого или нешто.
Примери:
Сонцето ги огреа на половина пат до селото.
Обземе чувство на милост, убавина, задоволство.
Примери:
На лицето му огреа насмевка.
пламтат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно свети.
Примери:
Пламтеше небото.
(за очи) светат
Примери:
Очите му пламтат од љубов, гнев, одмазда.
пробелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се покаже со својата белина.
Примери:
Во темнината пробелеаја две силуети.
(се преобелее) Се истакне со својата бела боја.
Примери:
На исончаното лице се пробелеаја забите во широка насмевка.
Вид збор: Глагол, свршен
(се разгрее) Почне да грее.
Албански:
del dielli, shkëlqen
Примери:
Стани Јано, стани ќерко / сонце ми се разгреало.
разискрат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - покаже блесок, сјај.
Примери:
Во очите ѝ разискри пламен кога го виде.
разласкат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блеска на сите страни, дава силен отсјај.
Примери:
Разласкаа тенки пушки.
светат
Вид збор: Глагол, несвршен
Излачува, пушта светлина некаде, сјае.
Примери:
Сонцето свети.
Со свеќа, ламба прави да се гледа, осветлува.
Примери:
Го зеде фенерот да му свети.
За прозорец, отвор - пушта светлина надвор.
Примери:
Видов, прозорецот му светеше.
За очи, поглед, лице - блескоти, искри, сјае од радост, среќа.
Примери:
Очите ѝ светат.
Се одликува со беспрекорна чистота, трепети, сјае.
Примери:
Нејзината куќа секогаш свети од чистота.
светкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта треперава светлина.
Албански:
ndriçon, shkëlqen
Примери:
Нешто светкаше во шумичката.
светлеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува со својата светла боја.
Примери:
Во каминот светлееше еден пламен.
Вид збор: Глагол, несвршен
светнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти светлина еднаш или повеќе пати по еднаш.
Примери:
Светна сонцето и за миг се загуби зад облаците.
секаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3. л.) За очи: блеска, блескоти.
Примери:
Му секаат очите.
сјаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта сјај, силно свети.
Албански:
shkëlqen, shëndritë
Примери:
Сјаеше месечината на небото.
Блести, свети, се одликува со интензивна боја или со беспрекорна чистота.
Примери:
Неколку капки пот му сјаеја на челото.
Се одликува со некое достоинство.
Примери:
Нејзината куќа секогаш сјаеше.
(се сјае) Се одликува со сјај, со чистота.
Примери:
Се сјае на сонце.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) стаклат
Вид збор: Глагол, несвршен
Блескоти, изгледа како стакло.
Примери:
Се стакли езерото на вечерното сонце.
угреваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Ублева се светлина.
Албански:
ndriçoj, shndritë
(непреод.) Изгрева, се појавува (сонце, месечина, ѕвезди).
угреат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Обично за сонцето и месечината - облее со светлина.
Примери:
Уште пред да се искачиме на врвот, сонцето нѐ угреа.