а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гори

горат; горел; горејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1231
1. Е во оган, е запален.
Англиски: burn Албански: digjet
Примери:
Куќата гореше сета во пламен.
2. свети
Англиски: shine Албански: ndriçoj
Примери:
Ламбата гореше цела ноќ.
3. Обземен од љубов, страст, омраза; има желба.
Англиски: yearn Албански: digjem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Девојката гореше од љубов.
Горам од желба да те слушнам како рецитираш.
4. Има висока телесна температура.
Англиски: burn Албански: digjet
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Детето три дена гореше од температура.
Изрази
Село гори, баба се чешла - се однесува незаинтересирано при големи проблеми.
Изведенки
горење ср.
глаг. им.