изгрее
изгреат; изгреј, изгрејте; изгреав, изгреаја; изгреал; изгреан; изгреев, изгрееја; изгреел; изгреен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9431
1.
За небесно тело, сонце, месечина - излезе, се појави, огрее.
Примери:
Сонцето изгреа црвено и ја исуши росата.
Слично со:
излезе (св.)
2.
стопли, огрее
Примери:
Бабата им ги изгреа рачињата на детето измрзнати од снегот.
Слично со:
огрее (св.)